Најпосакуваниот фудбалер ова лето, 19-годишниот Килиан Мбапе од Монако е причина за големата борба на трансфер пазарот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.
Младиот француски напаѓач сонува да игра за „кралскиот“ клуб, но Арсен Венгер е решен да го доведе во Лондон по секоја цена. Тренерот на премиерлигашот нуди вистинско богатство од 142 милиони евра за Мбапе, сума, која доколку се оствари трансферот, ќе биде рeкорд во историјата на фудбалот.
Таткото на Французинот посакува неговиот син да се пресели во Арсенал, бидејќи таму ќе биде прва ѕвезда, за разлика од Реал, кој е преполн со големи фудбалски имиња.
Лондонската екипа најмногу за фудбалер плати во 2013 година, кога со 50 милиони евра го потпиша Месут Озил од Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин