| четврток, 6 декември 2018 |

„Дијалог“ ја објави „Совршенство или смрт“ на Зоран Пејковски

Неодамна во издание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје од печат излезе новата драмска пиеса во стих „Совршенство или смрт“  на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски.

Во оваа драмска пиеса станува збор за македонскиот преродбеник Григор Прличев, а посебен повод за пишување на оваа пиеса се 125-те години од неговата смрт кои следната 2018 година ќе се чествуваат.

За овој драмска пиеса, рецензентот проф. д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет од Скопје ќе напише дека: …„Тој спој меѓу историската тематика која го промовира националниот дух и возвишениот јазичен израз кој ја одразува највисоката стилска константа на националниот јазик, својствен првенствено за класицистичката, но и за неокласицистичката драма, особено доаѓа до израз во најновиот драмски подвиг – текст на Зоран Пејковски „Совршенство или смрт“ – исказ што во македонскиот духовен простор е творечки лозунг, но и препознатлив код на Григор Прличев, по многу нешта најисклучителната личност во македонскиот 19-ти век…. Во спознајно-структурната разгранетост во творечкиот воздиг на Пејковски зазвучува на хоризонтот на историската панорама на народите, во која охридската пространственост со својата парадоксална изолациско – културна издигнатост овозможува префинет класицистички спој меѓу личностната исклучителност на Прличев и културниот подем на охридската граѓанска класа, во оној пресуден чин кога личностната совршеност се пренесува врз интелектуалното градско јадро…. Во драмскиот текст „Совршенство или смрт“ на Пејковски таа класицистичко-рационалистичка вонвременска димензија се воспоставува преку засценување на имагинативно висококодиран затворен разговор во засведочено затворена градска плоштадна средина, инаку вонвременско средишно собиралиште на значајни личности од охридско-македонистичката опстојба на македонската црковнонародна борба…. Во тој возвишен разговор меѓу значајните личности од охридскиот 19-ти век орбитално поставени околу централната личност на охридската и македонската Преродба – Григор Прличев – мозаично се пресемантизираат и се синтагматизираат метафорични јазични искази кои ја одразуваат суштината на македонскиот непокор…. „Совршенство или смрт“ е најметафоричниот драмски текст во македонската литература“….

Инаку, Зоран Пејковски е единствениот натуралист во македонската литература, односно она што Емил Зола, Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник се за француската литература, Антон Павлович – Чехов како творец на лирската драма, за руската литература, Хенрик Ибзен и Стринберг за скандинавската литература, па А.Холц и Г. Хауптман за германската литература, тоа е и Пејковски за македонската литература. Тој е драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист, а е и почесен амбасадор на мирот назначен од Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France. Автор е на повеќе книжевно – драмски ракописи: „Атомско време“ (трагедија, 1987); „Тесно небо“ (поезија, 1993), „Последниот чин на комедијата на смртта“ (трагикомедија, 1994), „Реликвија на светлината“ (поезија, 1996), „Облак во пантолони“ (препев, 1997), „Relic of the light“ (поезија на англиски јазик, 1998), „Филозофија на смртта“ (поезија, 1999), „Љубов на вересија“ (љубовно-еротска комедија, 1999), „Театарот е ритам и стил“ (публицистика, 2002), „За животот, љубовта и смртта“ (монодрама, 2011), „Театарот е фабрика за соништа“ (публицистика, 2012), „Сон“ (трагедија, 2013), „Сега знам“ (поезија, 2014), „Сите наши кодоши“ (трагедија, 2014), „Самуилово распетие“ (драмска пиеса во стих, 2014), „Херувимите на Самуиловата круна“ (сценско-драмски рецитал 2014), „Градот на Јужното Море“ (роман, 2015), „Со љубов кон свети Климент Охридски“ (сценско- драмски рецитал, 2015), „Да не ми е сон“ (поезија, 2016), „Златна прашина“ (поезија, 2016), „Sa nu-mi fie vis“ (поезија на романски јазик, 2016), „Апостолска чудотворност“ (драмска пиеса во стих, 2016), „Мали детски разговори“ (пиеса за деца, 2016), „Избор драми-трагедии“ (трагедии, 2016), „Македонски Стар и Нов Завет“ (поема, 2017), „Реквием за љубовта“ (драмска пиеса во стих, 2017), „Реквием за смртта“ (драмска пиеса во стих, 2017), „За Македонската Библија“ (сценско-драмски рецитал, 2017), „Совршенство или смрт“ (д

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top