| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: За обвиненија се потребни докази и факти, не нарачки и нивно испорачување

За обвиненија се потребни докази и факти, не нарачки и нивно испорачување, порача Сотир Костов, поранешен обвинител во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

Заев ќе нарачаше, Јанева ќе испорачаше. Шилегов ќе најавеше таа ќе обвинеше. За обвиненија се потребни докази, издржани аргументи и непобитник факти, изјави Костов.

Додаде дека доколку имало незаконски одлив неопходно е некој да одговара, но доколку тоа не се докаже ќе остане фактот дека претходната гарнитура вложувала во развој на економијата и културата што се гледа по автопатите и градбите.

-Ги гледаме автопатиштата, зградите се прекрасни. За мене оваа власт градела, создавала. Парите што толку ги зборуваат ги гледам во изградени дела. Ако притоа имало незаконски одлив на тие пари, ако се докаже во судска постапка ред е некој да одговара, но ако не се докаже ќе ни останат непобитните факти дека парите се вградени во темелите на Република Македонија, во нејзината култура и нејзината економија, заклучи Костов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top