| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ првпат победи во Истбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ првпат во кариерата победи на турнирот во Истбурн, откако во финалето го совлада Французинот Гаел Монфилс со 6-3, 6-4 и дојде до својот 68 АТП трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ во Истбурн настапи со покана и на најдобар начин го искористи последниот турнир во пресрет на настапот на Вимблдон.

Ова беше негов 14 натпревар против Монфилс и 14-та победа која му донесе 250 бодови и парична награда од 113.330 американски долари.

Ова на Ѓоковиќ му е втора титула во сезоната во која славеше во Доха, а беше поразен во финалето на Мастерс серијата во Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top