Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев великодушно ќе ја донира платата од 81.000 денари. Медиумите и јавноста ја оценија оваа постапка како популизам, чијашто цел е да се дефокусира јавноста од од реалното богатство на Анѓушев, објавено во анкетните листови кои имаат обврска да го достават функционерите.
Анкетниот лист на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Според анкетниот лист кој Анѓушев им го подели на новинарите, тој поседува возен парк од околу 300.000 евра, една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград. Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.
Возниот парк на Анѓушев се состои од „масерати“, „порше каен“, „мини кантримен“. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници од марките ролекс, омега, кои ги проценил на 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра.
Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка „регал“ вреден 30.000 евра.
Најбогат функционер во Македонија е потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој и според Форбс е еден од петте најбогати Македонци. Во неговиот возен парк има „Масерати“, „Порше Кајен“ и „Мини Катримен“, во вредност од околу 300.000 евра, пишува порталот Денешен.мк.
Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.
Анкетниот лист, рачно пополнет, вицепремиерот за економски прашања им го подели на новинарите, но, листот се уште не е објавен на веб страната на ДКСК иако рече дека го предал во Антикорупциска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема крај на скандалите: Компаниите на Анѓушев „се омрсиле“ со четири нови државни бизниси, вицепремиерот тврдеше дека нема да учестува на државни тендери
-
Ивор Мицковски: Шефицата на кабинетот на Анѓушев ги рангирала „Брако“ и „Каст-инвест“ за добитници на државна помош
-
Кочо Анѓушев излажа, Фени оди во стечај
-
Странски експерти за домашни компании: Анѓушев гордо се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ