| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Денвер Нагетс доби отказ

Најдобриот прогласен тренер во НБА лигата, Џорџ Карл повеќе нема да биде тренер на Денвер Нагетс

Џорџ Карл, кој пред еден месец беше избран за најдобар тренер на минатата сезона, е отпуштен од тренерската позиција во Денвер Нагетс, само една година пред да му истече договорот. Оваа одлука од тимот на  Денвер беше соопштена денеска, само една недела откако од Нагетс си замина и нивниот генерален менаџер, Масаи Уџири.

Џорџ Карл го превзеде овој тим во 2004 година и влегуваше во последната сезона од неговиот договор, но по елеминацијата од Голден Стејт Вориорс во првата рунда од овогодинешниот плејоф, двете страни се одлучиле да не ја продолжат соработката.

Во деветте сезони со Нагетс, Денвер никогаш не го прооушти плејофот, а изминатата сезона ја завршија со рекорд од 57-25, што беше трет најдобар во Западната конференција. Ова беше најдобриот скор во историјата на оваа франшиза и фактот што најмногу му овозможи да ја освои наградата за тренер на сезоната. Во 2010 година, Џорџ Карл стана само седмиот тренер во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top