
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, го искажа своето одушевување од двајцата талентирани француски фудбалери, Килиан Мбапе и Осман Дембеле. Тој вели дека не видел вака млади фудбалери да изгледаа толку зрело на терен, но истовремено ги посоветува дека и во иднина треба да го продолжат сериозниот пристап на теренот.
– Двајцата се супер-таленти. Никогаш не сум видел така млади играчи на терен да изгледаат така зрело и опуштено. Мбепе и Дембеле имаат светла иднина, но и во иднина мораат да бидат сериозни. Тие се само деца, но деца кои имаат мозок. Им посакувам многу успеси во иднина, како индивудиални, така и клупски и репрезентативни, вели Погба.
Токму двајцата фудбалери се едни од најбараните во овој трансфер-период, но по сè изгледа ниту Борусија Дортмунд, ниту Монако нема така лесно да се откажат од нивните услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Повредата не била наивна: Јунајтед најмалку еден месец без Погба
-
Заеднички тренинг на Нејмар и Мбапе: Првата средба на засилувањата на ПСЖ вредни 400 мил. евра (Видео)
-
ПСЖ ги помести границите: По Нејмар и Мбапе стигна во Париз за 180 милиони евра


