Пресреќен сум што ќе играм во ист тим со Нејмар. Сите знаеме за како мајстор станува збор. Мојата цел е да постигнам што повеќе голови и да му помогнам на Нејмар да ја освои Златната топка, вели Мбапе.
Нејмар го сруши светскиот рекорд кога за 222 милиони евра пристигна во ПСЖ, а по неговите чекори за помалку од еден месец тргна и Килијан Мбапе, кој пристигна за 180 милиони евра. Многумина се прашуваа како двоецот ќе функционира во ист тим, но Бразилецот и Французинот веднаш покажаа дека ќе соработуваат
Челниците на ПСЖ се надеваат дека троецот Нејмар-Кавани-Мбапе ќе ги однесе на врвот на Европа, а тие првиот свој заеднички настап ќе го имаат утре против Мец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)