Долгоочекуваниот трансфер на француското чудо од дете синоќа беше финализиран кога ПСЖ и официјално го објави своето најново засилување, Килијан Мбапе. Младиот Французин официјално стигнува на едногодишна на позајмица од Монако, а следното лето тимот од Париз на својот најголем конкурент во Франција ќе треба да му плати неверојатни 180 милиони евра. Договорот е ваков заради фер плеј правилата на ФИФА откако „светците“ летово претхосно го ангажираа и Нејмар за 220 мил. евра.
По овие огромни суми, ова лето се чини дефинивно е поместена границата во сумите за ангажирање на квалитетни фудбалери, па веќе понуди со цифри од над 100 мил. евра пристигнуваат, а и се одбиваат. Ако Кристијано Роналдо и Побга пред неколку години беа ангажирани за суми од околу 100 милиони евра како најдобри светски фудбалери, сега Барселона го ангажира младиот Осман Дембеле за 105 милиони евра, а во последните денови од преодниот рок Ливерпул одбил 160 мил. евра за Кутињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.