| четврток, 6 декември 2018 |

Погба со совет за Мбапе и Дембеле: Во иднина мораат да бидат сериозни

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, го искажа своето одушевување од двајцата талентирани француски фудбалери, Килиан Мбапе и Осман Дембеле. Тој вели дека не видел вака млади фудбалери да изгледаа толку зрело на терен, но истовремено ги посоветува дека и во иднина треба да го продолжат сериозниот пристап на теренот.

– Двајцата се супер-таленти. Никогаш не сум видел така млади играчи на терен да изгледаат така зрело и опуштено. Мбепе и Дембеле имаат светла иднина, но и во иднина мораат да бидат сериозни. Тие се само деца, но деца кои имаат мозок. Им посакувам многу успеси во иднина, како индивудиални, така и клупски и репрезентативни, вели Погба.

Токму двајцата фудбалери се едни од најбараните во овој трансфер-период, но по сè изгледа ниту Борусија Дортмунд, ниту Монако нема така лесно да се откажат од нивните услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top