Предупредување се шири на Фејсбук во кое се опоменуваат туристите да внимаваат во Грција да не бидат ограбени.
На Фејсбук станицата „Nikana”, се објавени повеќе дестинации каде веќе имало кражби.
Со помош на мали уреди ограбени се автомобили на паркинзи на повеќе плажи.
Се наведува дека кражби има пред големи супермаркети и трговски центри.
На туристите им се советува да проверат дали автомобилите им се заклучени пред да се оддалечат, а вредните работи да ги остават во хотел или апартманот каде се сместени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.