| четврток, 6 декември 2018 |

Што не смеете да му направите на автомобилот, ако сакате да го продадете

Трговец со стари автомоби во САД враќал по околу 200.000 километри од возило.

Во американската држава Алабама, судот го обвини продавачот на стари автомобили Ренди Грин поради враќање на километражите на 12 возила продадени од 2014 до 2016 година.

Како што информираат од Министерството за правда на САД, Грин враќал по околу 200.000 километри од возило.

Најекстремниот случај е кога на купувач му продал автомобил со 218.000 километри помалку, а реално имал поминато 350.000 километри.

На обвинетиот ќе му се суди по 15 точки од обвинението, од кои 12 се однесуваат за враќање на километража.

За секое возило на кое му ги вратил километрите, на обвинетиот му се заканува казна затвор од 3 години и парична казна до 250.000 долари. За ова, Грин би можел да лежи до 30 години затвор.

Сличен случај годинава имаше и во Шпанија каде што и се судеше на 150 продавачи на половни автомобили кои продале дури 305 автомобили со вратени километражи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top