| четврток, 6 декември 2018 |

Теловска: За нас терминот нација соодветствува на државата и тука се вклучени сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ сака преку своите дејствија секој граѓанин на Македонија без разлика на националната припадност да се чувствува гордо пред македонското знаме, да ја чувствува Македонија за своја татковина. Ова го изјави Нермин Теловска, член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ. Денеска се организираше панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Единствени во почитувањето на мултикултурализмот и заедништвото“.

– За нас како партија, и ние тоа сме го докажале и во пракса, важни се сите граѓани на Македонија. За нас зборот нација, терминот нација соодветствува на државата и тука се вклучени сите граѓани кои живеат во Македонија. Ние тоа го покажавме преку капиталните проекти кои ги користат сите жители на Македонија – истакна Теловска.

Таа дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да се пофали оти интензивно работи на меѓуетничките односи и развој на кохезијата во општеството.

-Таа кохезивност се огледа на слободата на секој поединец и на еднаквите можности без разлика на која социјална група припаѓа. Ако зборуваме и за доктрината на ВМРО-ДПМНЕ можеме да ја претставиме и како стремеж на добри услови, добар животен стандард за секого во општеството. За нас како партија, можеме да се пофалиме и за членство во кое имаме припадници од сите различни етнички заедници кои што живеат во Република Македонија, потенцира Теловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top