Македонија за ден-два, веројатно, ќе го добие својот најскап фудбалер и спортист воошто во својата историја. А тоа е Илија Несторовски, нашиот репрезнетативен шпиц и „бомбардер“ на тимот од Сицилија, за кого Фиорентина е подготвена да му плати на Палермо сума од цели 8.000.000 евра, пишува Македонски спорт.
Ако се остварат овие најави, тогаш Илија Несторовски ќе се најде на листата пред Горан Пандев и пред Дарко Панчев. За потсетување, за трансферот на Пандев од Интер во Наполи, наполитанците исплатија сума од цели 7 милиони евра за обесштетување. Додека Интер, за услугите на Панчев и плати на Ц. Ѕвезда 10 милиони марки или 5 милиони евра во далечната 1992 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б