Индија лансираше во вселената ракета со 31 сателит од кои седум им припаѓаат на европските држави кои сакаат да прават снимки на Земјата во висока резолуција.
Поларното сателитско возило за лансирање (ПСЛВ) во орбитата ги однесе сателитот „Картосат-2“ тежок 712 килограми и уште 30 помали сателити. Ракетата полета од Шрихарикоте, во јужната држава Андхра Прадеш во 9,29 часот по локално време.
Ракетата носи сателити на Индија и на уште 14 земји и тоа Австрија, Белгија, Летонија, Литванија и Словачка во склоп на меѓународниот комерцијален ангажман на индиската државна Организација за вселенски истражувања (ИСРО).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.