| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од смртта на познатиот актер: Ѓоша починал во сон, го пронашла ќерка му

Богољуб Митиќ Ѓоша ненадејно почина во 49 година од својот живот, а него утринава го пронашла неговата ќерка Наталија, мртов во 6 часот.

Тој претходните денови бил настинат и не сакал да иде на лекар на преглед, иако сопругата и пријателите инсистирале, за да не здобие сериозни здравствени компликации поради неговата гојазност.

Како што се дознава, го пронашла ќерка му Наталија и и јавила на мајка и и пријателот на Ѓоша, Ивица Цветковиќ. Ѓоша починал во четири часот изутринава од последците од срцев удар. Брзата помош веднаш конастатирала смрт, а на ќерка му и се слошило.

-Синоќа до 23 часот бев со него и се беше во ред. Изутринава добив повик од неговото семејство дека Ѓоша починал. Не знам што да кажам, тешко е. Се се случи ненадејно. Неговата сопруга и ќерките минуваат низ најтешкиот период- рекол неговиот пријател кој се јавил на мобилниот на актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top