
Денес од соседна Србија пристигна тажна вест, дека харизматичниот спрски актер, Богољуб Митиќ -Ѓоша починал утрово од срцев удар. Балканската публика го запозна Ѓоша во ТВ-серијата „Семејно богатство“, но потоа имаше повеќе впечатливи улоги во уште неколку сериски остварувања.
По тажните вести, неговите колеги актери, но и многу јавни личности од соседсвото се простуваат од својот пријател, а медиумите објавија дека популарниот Ѓоша, всушност во приватниот живот имал друг прекар кој го добил во своето родно Власотинце. Богољуб Митиќ за своите најблиски не бил Ѓоша, туку Боге Миза.
Тој утрово починал во својот стан на 49-годишна возраст, а зад себе остави жена и две ќерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


