Соработникот за пазарни истражувања, Саша Џоговиќ, оценува дека Србија следната година ќе се најде пред банкрот доколку Владата не преземе болни мерки за заштеда и реформи во јавниот сектор.
– Не морате формално да банкротирате, ниту Грција не банкротира иако знаеме дека е банкрот. Следната година Србија би влегла во зона во која се наоѓа Грција доколку не се преземат круцијални потези од страна на Владата – вели Џоговиќ.
Според неговите зборови, мерките би требало да опфатат реформи на сите нивоа на јавната управа, пензискиот систем, реструктуирање на јавните претпријатија со отпуштање на вишокот работници и стечајна постапка за загубарите со можност за здравите делови да се најдат стратешки партнери и намалување на државните субвенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


