| четврток, 6 декември 2018 |

Ивчева: Народот не е овца за Лиле да го стрижи

Дали после ова Лиле Поповска ќе ја напушти коалицијата со СДС или како и за Тиранската платформа ќе се крие и ќе вели дека нема да гласа за таа точка? За вакви работи, за работи како тиранската платформа, како овој предавнички договор со кој се брише и бугаризира Македонската истиорија, човек кој е патриот и си ја сака државата не се крие, не го крие и татка си да не дава изјави, туку напушта владина коалиција и оди во опозиција. Ама тоа важи за луѓе со `рбет. – пишува Наталија Ивчева на својот фејсбук профил.

Таа додава:

Ова особено кога се знае дека двата гласа на ДОМ нема да бидат пресудни, со оглед на тоа што за оваа точка ќе гласа и БЕСА и сите албански партии по надворешен диктат, а и по сопствено убедување. Народот не е овца за Лиле да го стрижи.

Човек кој не е од личен и материјален интерес влезен во политика во првите 24 часа од скандалот би одржал прес конференција и би отишол во опозиција. Но, како што кажав Лиле нема да го стори тоа. А, има и дебела причина за тоа.

Татко (Блаже Ристевски) од друга страна ќе молчи, а таа ќе каќе дека е против ова, верувајќи дека со тоа ќе ги залаже и онака малубројните гласачи.

Нареден пат кога ќе излезе на избори ќе биде крпа. А, во меѓувреме ќе ја нема никаде меѓу народ, бидејќи знае дека ќе ја плукаат по улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top