| четврток, 6 декември 2018 |

Не го издржа притисокот на јавноста: Лилјана Поповска се откажа од пратеничкото место

liljana-popovska

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на прес-конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ.

-Јас не сакам функција по секоја цена. Решив да се откажам од добитната позиција на пратеничките листи, за да покажам што ми е приоритет. За ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со еднаква страст од друга позиција, која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега, рече Поповска и нагласи дека по Централниот и по Извршниот одбор на партијата, ќе му каже на коалицискиот партнер СДСМ кој ќе стои на таа позиција.

Поповска беше поставена на петата позиција во првата изборна единица, што предизвика незадоволство, револт и разочараност не само меѓу членовите на партијата туку и меѓу гласачите и поддржувачите на СДСМ.

Лидерката на градската организација на СДСМ Софија Куновска вчера си даде оставка од позицијата во знак на револт не што таа не е на ниту една листа, туку што добитната поизиција ја доби лидерката на ДОМ, која повеќе од девет години коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалните мрежи реагираа повеќе новинари и активисти, кои гласно го искажаа своето незадоволство од одлуката на раковоството на партијата добитна позиција на листа да ѝ припадне на Лилјана Поповска.

ristic

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top