| четврток, 6 декември 2018 |

Падна владата во Романија

По само шест месеци работа падна владата на Романија, народните избраници и изгласаа недоверба, јавува АФП.

Гласањето за доверба го побарале членовите на владејачката партија, а за нивното барање гласеле 241 пратеник, а биле потребни 233. Десет биле против.

Владејачката Социјалдемократска партија поднесе барање за смена на премиерот Сорин Гриндеану наведувајќи дека не успеал да ја примени политичката агенда на партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top