| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е партија во која сите се добредојдени и сите се почитувани

-Ние сме партија која ги почитува сите, ги сака сите и сака да им помогне на сите граѓани на Република Македонија, настрана пропагандата што ја правеа против нас дека сме биле против Албанците или против муслиманите, тие што се во нашата партија без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци или Бошњаци, добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што ги почитува и обединува сите и така и ќе продолжи во иднина, рече Груевски

ВМРО-ДПМНЕ е партија во која сите се добредојдени и сите се почитувани истакна вечерва Никола Груевски, претседател на партијата која вечерва организираше ифтар вечера за членовите и поддржувачите на партијата од исламска вероисповед.

На вечерата присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, генералниот секретар Емил Димитриев, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, Христијан Мицковски, Нола Исмајлоска, Фатмир Имеровски, Нермин Телоска, Владимир Ѓоргев, Даниела Рангелова, Зеќир Рамчиловиќ, Демир Далип и многу други гости.

-Во екот на рамазанските пости се собравме повторно и стана некако традиција ВМРО-ДПМНЕ секоја година на еден ваков начин да собира барем еден дел од своите членови кои што се со муслиманска вероисповед овде во Скопје и во другите градови за да заеднички се собереме на ифтар и заеднички да ги споделиме овие мигови затоа што ова се празници кога луѓето размислуваат за смирување и кога се посмирени и размислува за иднината. Сакам во оваа прилика да ви ги честитам рамазанските празници да ви посакам многу здравје пред се, смирение во душата, да ви посакам поголем напредок и успеси. Сакам да ви порачам дека ние како партија од секогаш ги почитуваме вредностите на нашите религии и на христијанската и на муслиманската, но и на сите религии, затоа што ако тие правилно се толкуваат тие се вистински врености кои повикуваат на сплотеност, заедништво и помагање и тоа се вредности кои треба да ни бидат водилки во животот на сите нас и како индивидуи и како членови на партии, истакна Груевски.

Тој порача дека преку овој собир се сака да се покаже дека тие како партија ги почитуваат сите и ВМРО-ДПМНЕ е партија во која сите се добредојдени и сите се почитувани.

-Ние сме партија која ги почитува сите, ги сака сите и сака да им помогне на сите граѓани на Република Македонија, настрана пропагандата што ја правеа против нас дека сме биле против Албанците или против муслиманите, тие што се во нашата партија без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци или Бошњаци, добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што ги почитува и обединува сите и така и ќе продолжи во иднина, рече Груевски.

Во своето обраќање на 27-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакна дека како на Македонците, така и на Албанците и другите етникуми им треба подобар живот, повеќе пари, работни места, повисок стандард и услови за живот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи и дека работат на исправање на искривената слика која за нив ја креирале сдсмовските медиуми и структури пред Aлбанците.

-И Албанците во Македонија со тек на време ќе сфатат дека со СДСМ се е ветер и магла. Меѓународниот фактор нема да се разочара, бидејќи знае со кого има работа, но моментно им требаат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние, меѓудругото, мора да работиме и на исправање на искривената слика која за нас ја креираа сдсмовските медиуми и структури пред Aлбанците, создавајќи стереотип, според кој коалиција на албански партнер со нас ќе биде за нив товар. Сето тоа беше намерно и тенденциозно создавано, за да се создаде околност каде коалицирањето со СДС би било по посакувано за Aлбанците во Македонија. Искрено обичниот Албанец нема да има никаков аир од тоа што СДС е на власт, а за тоа ќе се уверат за кратко време. На Aлбанците исто како и на Mакедонците и на останатите им треба подобар живот, повеќе пари, работни места, повисок стандард и услови за живот, рече Груевски.

Тој нагласи дека изнасилената квази патриотска реторика на дел од албанските партии, кога под превезот на извесен закон за јазици всушност решаваат кадровски и други прашања на поединци, нема ништо да им помогне на Албанците.

-Албанците може да сметаат на ВМРО-ДПМНЕ во иднина, и ако сакаат да градиме заедно заедничка држава, во која сите, и Турците, и Србите, и Ромите и Власите, Бошњаците и останатите, секогаш ќе имаат подадена рака од нас, рече Груевски.

На вечерата во организација на ВМРО-ДПМНЕ присустваа и членови од коалицијата на Еѓипјаните во Македонија.

-Овој настан има силна порака на обединување на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на национална и весрска припадност и ние неколку години по ред учествуваме на оваа вечера на покана на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели Демир Далип.

Адемовски Аџибајрам освен благодарност до претседелот на ВМРО-ДПМНЕ ја изрази својата благодарност и кон градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски кој и овозможил да дојдат на оваа вечера во Скопје.

Нола Исмајлоска вели дека со оваа традиција која ја организира ВМРО-ДПМНЕ  е посебно гордба бидејќи тоа е само уште еден показател колку сме единствени без разлика на нашата религиска припадност.

-Тука гости ни се многу членови муслимани од цела Македонија како и наши симпатизери и членови на партијата кои ќе разговараат со луѓето кои се поканети и ќе имаат можност да ги пренесат своите идеи за понатаму и воедно да покажеме почит кон празникот кој доаѓа за муслиманите, а тоа е Рамазан Бајрам, истакна Исмајлоска.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Нермир Теловска вели дека ВМРО-ДПМНЕ како партија се грижи не само за економскиот развој и стабилност на нашата држава, туку тие се грижат и за меѓуетничките односи во државата.

-Во пратијата се спрема едно освежување на кадрите и во тек е огласот за 25 комисии, меѓу кој и огласот за комисијата за меѓуетнички односи, таа комисија ќе има за цел и задача да работи на развој на меѓуетничките односи и да следи, иницира и да предлага одредени мерки, изјави Теловска.

ВМРО-ДПМНЕ неколку години по ред организира ифтар вечери за членовите и поддржувачите на партијата од исламнска вероисповед, а на вечерата присуствуваа и членови од турската, ромската и бошњачката националност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top