Зоран Заев денеска во Софија го предаде најголемиот македонски празник, Илинден, на Бугарите. Тој на средбата посочил дека Илинден ќе го чествуваат заедно со Бојко Борисов.
-Додека Заев покорно стои пред Борисов, тој во минатото му даде и дел од прислушуваните разговори од државниот врв на Македонија за Бугарија. Борисов се чуди како е можно нешто за кое со векови се бореле Бугарите тие тоа го добиле за две недели владеење на Заев. Борисов претходно го има поддржано Заев во кампањата, додека се зборува и дека Заев е помаган и парично од страна на Бугарите – пишува Курир.
Како што бугарските медиуми денес ја пренесуваат изјавата на Заев, останало уште малку до потпишување на Договорот за добрососедство и, како што рекол Заев, заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија на втори август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.