| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович го менува Конте со Луис Енрике?!

Во последните денови медиумите во Англија пишуваат за можно заминување на Антонио Конте од редовите на Челси, поради несогласување со директорите, кои наводно не сакале да му ги исполнат трансфер желбите.

Веројатно сопственикот на тимот, Роман Абрамович не сака ништо да остави на случајноста, па веќе ги разгледал и можните алтернативи доколку Италијанецот навистина сака да замине.

Според медиумите на Островот, Абрамович е подготвен на „Стемфорд Бриџ“ да го донесе поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, кој го напушти „Камп Ноу“ на крајот од оваа сезона.

Челси за следната сезона ќе ги има Лукаку од Евертон и Бакајоко од Монако, но Конте посакал уште најмалку три играчи, за да состави тим достоен за Лигата на Шампионите, нешто што не било одобрено од рускиот газда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top