ВМРО-ДПМНЕ денеска слави 27 години постоење. Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во денешното гостување во Вестите на Телевизијата Канал 5, меѓу другото рече дека ВМРО ќе постои додека постои и потребата да се бориме за слобода на Македонија, а имаме потреба да се бориме за слобода на Македонија. Тој истакна дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ во моментот се наоѓа во опозиција, не е плод на волјата на граѓаните на Македонија, туку е плод на волјата на задкулисни игри меѓу политичките партии.
-Тоа е неприродна состојба, заради тоа што секогаш кога се воспоставува некоја неприродна состојба има контрареакција. Јас верувам дека контрареакцијата на граѓаните на Македонија ќе биде уште поголема и уште посилна, следниот пат на локалните избори, рече Димовски, надевајќи дека тие ќе бидат заедно со нови парламентарни избори.
Додаде дека сите проекти кои беа реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно беа дел од животот на граѓаните.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи во исто време да биде нарушена волјата на граѓаните, во смисла на зачувување на основните карактеристики на оваа држава и ќе внимаваме, секој политичар кој денеска е дел од власта да ги оствари сите ветувања, потенцира Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.