Еден од клучните фудбалери во Реал Мадрид за успешната сезона, Марсело одлучи да го посети Балканскиот полуостров и да помине квалитетно време со својата фамилија.
Левиот бек на „кралевите“ пристигна во Дубровник пред неколку дена, каде ќе го помине својот одмор, кој го заслужи поради своите фантастични игри во тековната сезона. Бразилецот заедно со своите соиграчи испишаа историја и ја одбранија титулата во Лигата на шампионите, а исто така и стигнаа до трофејот во Примера, двојна круна која „мадридистите“ ја чекаа цели 59 години.
Марсело беше главна атракција низ улиците на хрватскиот град, а секој љубител на фудбалот посака фотографија со фудбалерот на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.