| четврток, 6 декември 2018 |

Драстичниот пад на температурите може да донесе снег

Драстичниот пад на температурите на воздухот кој се очекува особенои во текот на претстојната ноќ и утре на високите планински врвови од соседните држави може да донесе и провејување на снег. Станува збор за планинските врвови кои се на надморска височина од над 2.000 метри, објави „Метомакс“.

Не се исклучува можноста за провејување на снег на највисоките планински врвови и во нашата држава. Станува збор за провејување на снег на планинските врвови некаде од 2100 – 2200 метри па нагоре. Температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу понекаде и за повеќе од 10 степени и ќе бидат далеку под просекот.

На високите планински врвови истите се очекува да се спуштат и под нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top