Една аукциска куќа објави фотографии од принцезата Дајана кои досега јавноста никогаш не ги видела. На нив принцезата не е на должност, туку е во опуштено и лежерно издание.
Фотографиите се од раните 80-те години и ја прикажуваат принцезата во ретките моменти кога не била под лупата на јавноста.
Со сопругот Чарлс и со пријателите уживала на село. Според изгледот и насмевката на нејзиното лице, може да се заклучи дека тоа се деновите во кои таа и Чарлс се уште биле вљубени.
Дајана на овие фотографии е среќна.
Фотографиите се на принцезата Александра, роднина на кралицата, која била домаќинка на настанот. Откриени се по нејзината смрт, а денеска ќе биде организирана аукција. Се очекува да бидат продадени по висока цена бидејќи се искличително ретки и многу вредни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.