Американскиот пејач Крис Браун преку ноќ стана главна тема во сите таблоиди откако, ја претепа пејачката Ријана со која тогаш беше во врска. Тоа се случу после церемонијата за доделувањето на Греми наградите во 2009 година.
Фотографиите го обиколија целиот свет, а осум години после инцидентот, пејачот во документарен филм конечно откри што се случило таа ноќ.
– Ја изневерив со некогашната соработничка и таа се сомневаше, но јас не признавав. Таа вечер на забавата ни пријде токму таа, па Ријана збесна, си ги зеде работите и излезе надвор. Седнавме во автомобилот, викаше и го бараше мојот телефон за да види со кого се допишувам. Јас и` го дадов телефонот, а таа ја виде токму пораката од девојката во која пишуваше дека ќе дојде на забавата. Ријана се налути, се туркавме, таа ме удри, јас ја гризнав за раката – раскажал пејачот во документарецот кој премиерно ќе биде прикажан во август, пренесуваат американските медиуми.
Освен тоа, Крис Браун раскажал дека споменатиот инцидент не бил првиот во кој нивните кавги прераснале во физичка пресметка, но дека секогаш успевале да ги смират работите на крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.