| четврток, 6 декември 2018 |

Од земја која никој не ја знаеше, Македонија ја направивме една од најатрактивните за инвестиции

На денешната панел дискусија која се организира по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, говореше и Виктор Мизо. Тој кажа дека условите кога тие дошле на власт биле многу поразлични, од оние кои се сега достапни за странските инвестиции.

– Она што се случи на крајот на 2006, почетокот на 2007 година беше дека Македонија навистина од многу различни причини, пред се што се случувало со распадот на Југославија, истовремено со несигурноста на регионот, со самите политики во процесот на приватизација, сите оние компании кои ги истражувале земјите на Источна Европа, се концентрирале на земјите кои се на пример Полска, Чешка, Словачка, потоа и Романија беа дестинации за привлекување на странски инвестиции. Македонија воошто не беше една од земјите кои беа размислувани или разгледувани од страна на мултинационалните компании, изјави Мизо.

Според него, сите реформи кои континуирано беа направени, дадоа еден резултат за Македонија да биде многу позитивно прифатена од глобални институции кои што прават рангирања не земјите за водење бизнис.

– Изминатите три, три и пол години можам да кажам дека многу полесен ни беше процесот, бидејќи Македонија полека но сигурно беше една од оние пет или шест кои беа перцепирани и разгледувани директно од страна на компаниите и наместо само ние да чукаме на нивните врати, имаше многу случаи кога или директно тимовите на мултинационите комании или па консултантските компании, кои беа задолжени за испитување на земјите кои се поволни дестинации. Доаѓаа се обраќаа кон нас, кон сите процеси кои беа вклучени во процесот на привлекување странски инвестиции, ние како дирекција за технолошки индустриски развојни зони, кон агенцијата за странски инвестиции, кон министрите и кон сите оние членови на економскиот тим на владата, дополни Мизо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top