| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со осуда на говорот на омраза на Грчев – Ова ли е животот кој го ветуваше Зоран Заев?!

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува фрапантниот јавен говор на омраза на функционерот на СДС Мирослав Грчев. Тој во пишана колумна испраќа фашизоидни пораки на поделба, сегрегација и јавен повик за уништување, истакна на денешната прес-конференција Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него функционерот на СДС најсрамно навредил 455 илјади граѓани кои гласале за коалицијата на ВМРО ДПМЕ на претходните избори.

Мирослав Грчев на сите им порача, цитирам: „вмровскииот ген мора да се искорне од телото на македонската држава“. Морало да има дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ”, порачува Грчев – вели Ѓеорѓиевски.

Понатаму додава:

И најважно, ова е конкретен пример за хистеријата која ја креира СДС и Зоран Заев, а кој веќе доведе до монструозен обид за убиство на Никола Тодоров, бомба во куќата на Милошоски, и редица други инциденти кои се плод на црната кампања на СДС. Ова е хајка и поттикнување одмазднички акции. Очигледно вака ја замислува демократијата СДС. Ова е срам за државата, срам за демократијата. Ова ли е животот кој го ветуваше Зоран Заев?!

 

Фашистички закани од Грчев: вмровскиот ген мора да се искорне од тлото на македонската држава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top