За разлика од лицемерното душегрижништво на СДСМ за културата во Македонија, зад работата на ВМРО-ДПМНЕ постојат дела и конкретни проекти, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана рекација на соопштението на СДСМ во кое беше посочено дека состојбата со Музејот на Македонија најдобро покажува каков бил односот на ВМРО-ДПМНЕ кон културното и историското наследство.
– На македонската јавност добро и е позната елементарната негрижа за културните институции во време на владеењето на СДС, која во наследство на владата на ВМРО-ДПМНЕ остави руина и пустош во културните институции како на национално, така и на локално ниво. Јавноста може да процени кој и колку направил за оваа институција. Наспроти големото ништо од време на СДС, денес на овој објект има поставена нова покривна конструкција на Музејот на Македонија и инсталиран е систем за оддимување во случај на пожар. Исто така, извршена е и реконструкција на дел од работните простории, депоата и изложбените простории, а е обезбеден и систем за заштита од кражби, како и уреди за видеонадзор, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека во Музејот на Македонија е отворен и Центар за музејска едукација, активност предвидена во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година.
– Целта на овој центар е запознавање на младата популација со непроценливите вредности на нашето културно богатство и издигнувањето на нивната свест за значењето и заштитата на културното наследство, се додава во реакцијата.
Музејот на Македонија, се посочува, во последните години реализира две постојани поставки, една посветена на прогонетите Македонци од делот на Македонија, кој сега е во рамките на Грција и постојаната етнолошка поставка во комплексот Македонско село во Нерези. Изработена е и проектна документација на ниво на основен проект со чија реализација целосно ќе се реновира и осовремени етнолошката поставка, и за реновирање на изложбените сали историја.
– Со тоа ќе се доразрешат и проблемите со застарените инсталации во просторот, се потенцира во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија