| четврток, 6 декември 2018 |

Леонард Жута пред трансфер во австрискиот шампионат

Македонскиот репрезентативец Леонард Жута е пред трансфер во Рапид Виена, пренесуваат дел од австриските медиуми.

По одличната сезона во дресот на Ријека и освојувањето на шампионската титула во Хрватска, Жута се нашол во фокусот на австрискиот прволигаш кој е одлучен за негов ангажман. Според последните информации, разговорите меѓу двете страни веќе се во тек, па доколку се биде во ред можно е наредниве денови и официјализација на трансферот.

24-годишниот Жута, кој игра на левата бековска позиција, од 2015 година е во Ријека. Претходно настапуваше за шведски Хакен, а има и 15 настапи во дресот на македонската репрезентација.

Рапид Виена минатава сезона заврши на петтата позиција во шампионатот на Австрија, не успевајќи на крајот да се избори за место на европската сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top