Триесет и шестгодишниот Б.И. и татко му Р.И., двајцата од тетовското село Желино, се осомничени дека претепале албански државјанин.
Во полициската пријава пишува дека тие се осомничени за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Двајцата, кај местото Муграч, во атарот на село Желино, се скарале со 23-годишниот албански државјанин Р.К., кој го пасел добиток. Во еден момент, Р.И. извадил пиштол и му се заканувал дека ќе го убие, а потоа со татко му го претепале овчарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



