Вчера во ПК Пехчево пријавено е дека во текот на месеците јуни и јули 2015 година Д.Д. (75) од Македонска Каменица извршил полов напад врз девојче кое не наполнило 14 години.
Истиот во наведениот период престојувал во с.Умлена, пехчевско, работел кај семејството на девојчето како овчар. Имено, Д.Д. во повеќе наврати, свесно искористувајќи згодни прилики, додека девојчето било во нејзината соби или додека спиело, извршувал полови дејствија и задоволување на полови страсти, а понекогаш вршел и физички контакти со детето.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.