Од удар на гром синоќа на Шар Планина загина еден овчар, соопшти косовската полиција, а пренесе РТК2.
Портпаролот на косовската полиција во Призрен, Хазир Бериша, изјави дека полицијата во овој град добила информација дека во средата во планината во околина на селото Куклибег, во општина Драгаш, од удар на гром загинал овчар.
Громот убил и 13 овци.
Бериша рече дека синоќа околу 21 часот братот на загинатиот ја информирал полицијата за несреќата.
Според портпаролот, по приемот на информацијата единици на полицијата и на итната медицинска помош излегле на терен и го потврдиле случајот, а за настанот е информиран и државниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.