Вчера во 10.00 часот во ПС Гостивар, М.С (57) од с.Калиште, гостиварско, вработен како овчар кај Џ.И. од с.Страјане, гостиварско, пријавил дека на 7 октомври година околу 12.00 часот, додека ги напасувал овците во атар на с.Страјане, две непознати лица извршиле разбојништво врз него.
Додека се ракувале со пријавителот едниот од нив го сопнал и го соборил на земја по што му ги врзале рацете со јаже и со закана со нож му побарале пари. Сторителите извршиле претрес над М.С. и од внатрешните џебови од палтото му одзеле паричник во кој имал еден клуч од стан, околу 150 евра во разни апоени и мобилен телефон. После тоа сторителите, така врзан, го однеле до шумата каде што едниот од нив го удрил неколку пати со тупаници во пределот на вратот и телото, а потоа го оставиле и си заминале. По кратко време М.С. успеал да ги одврзе рацете и се упатил во селото.
ПС ОН Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.