Актерот Владимир Лазовски денеска на петта пленарна седница ќе биде именуван за заменик министер за култура, по предлог од Зоран Заев. Актерот на јавноста и е познат по ронењето солзи за време на објавувањето на „бомбите“ на СДС.
Созлите кои Лазовски ги ронеше за Заев во март 2015 како водител на трибината на СДСМ кој се одржа во Униврзална Сала се наградени со вискока функција во новата влада. Актреските вештини Лазовски си ги покажа и при најавите на фамозните „бомби“ на Заев, интерпретирајки ги по свое, нелагално прислушуваните разговори.
Како што се прошири во јавноста наплатата на актреските солзи не е само со министерското место. Имено Владимир Лазовски не чекал толку долго за награда на своите вештини, односно веднаш по трибината на СДС излегоа шпекулации дека солзите на Лазовски биле наплатени во илјадници евра, а тој самиот се фалел со висок хонорар за завршената работа. Актерот подоцна ги демантираше ваквите информации. Но со новата позиција дали Лазовски место парична награда си доби фотелја?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.