„Скаменет сон“ е насловот на новата поетска книга на писателот Стојан Тарапуза, еден од доајените на македонската литература. Стихозбирката е објавена деновиве, во рамките на едицијата „Синтези“ на Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.
Во своето најново поетско остварување Тарапуза, познат пред се како автор за деца, на читателите им нуди 60 песни за возрасни, поделени во три циклуси, кои својот заеднички именител го имаат во мисловните сондажи нијансирани со префинети лирски рефлекси.
Покрај „Скаменет сон“ Стојан Тарапуза е автор на уште две книги за возразни („Црвено растење“ 1961 г., и „Во каменот ден“ 1965 г.), како и на неколку десетици книги за деца, меѓу кои: „Грејни сонце“, „Полно кајче желби“, „Дамбара думбара“, „Цвет и злато“, „Очиња поточиња“, „Деновирки“, „Седум брода“ и „Облак се поти“.
За своето творештво Стојан Тарапуза е добитник на низа признанија, меѓу кои: наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца, „Книжевно жезло“ за литературен опус, Змајевата награда, како и наградата на Радио-телевизија Скопје што се доделуваше на Струшките вечери на поезијата. Во 2011 година се појавија избраните дела на Стојан Тарапуза во три тома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски