| четврток, 6 декември 2018 |

Правилата во Франција се јасни, Раниери не може да биде тренер во Нант

Италијанскиот стручњак, Клаудио Раниери во наредните неколку дена и официјално ќе му се врати на тренерската работа, а пречка за потврдата се неговите години.

Имено, тој се согласил да го предводи францускиот прволигаш Нант, кој чека дозвола од француската фудбалска федерација (ФФФ) за остварување на трансферот. Според правилата во француското првенство, ниту еден клуб не смее да ангажира тренер постар од 65 години, а таа граница Раниери ја достигна во октомври минатата година.

Тоа ќе биде прва работа за Италијанецот по отказот во Лестер Сити, каде успеа да ја освои Премиер лигата како предводник на „лисиците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top