| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со мозокот кога помислуваме дека ќе умреме?

Научниците во институтот за истражување на здравјето „Бејкрест“ откриле дека мозокот минува низ одредени промени во моментот кога ќе сфатиме дека можеме да умреме.

Научниот тим дошол до откритие по пат на тестови спроведени врз лица кои за малку ќе го загубеле животот кога патувале со авион кој останал без гориво за време на еден лет над Атлантикот.

Резултатите покажале дека еден таков трауматичен настан може да ја зголеми меморијата и да ја искриви перцепцијата. Овој ефект може да трае многу години по несреќата, пишува британскиот „Дејли Мејл“.

Во испитувањето учестувале лица кои во август 2001 година биле во авионот кој морал принудно да слета за да избегне слетување во океан.

Иако поминале скоро 15 години од несреќата, настанот се уште е свеж во сеќавањето на патниците. За време на истражувањето им била направена магнетна резонанца додека им биле прикажувани три видео снимки. На правата е реконструкција на настанот, на вторта терористичкиот напад од 11 септември 2001 и еден неутрален настан.

За време на емитувањето на првата и втората снимка е забележана голема активност во делот на мозокот поврзан со емоцијаналната меморија. Такво нешто немало за време на емитување на третото видео.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top