| четврток, 6 декември 2018 |

Работи кои ги нервираат вашите колеги

Непрекинатото жалење за тоа како ви е тешко, слушањето прегласна музика… сето тоа им оди на нерви на вашите колеги.

Ви претставуваме неколку сигурни работи, кои би можеле да ги иритираат колегите на работа:

1. Зборување на телефон пред сите

2. Пеење

3. Слушање прегласна музика

4. Викање

5. Правење неред, особено во заедничката кујна

6. Непрекинато жалење за тоа колку ви е тешко (не сте единствени).

7. Непродуктивност и забушавање

8. Кога се правите дека знаете апсолутно се

9. Делењето на премногу интимни информации за себе

10. Непримерни шеги, кои понекогаш се премногу и за вашите пријатели

11. Непрекинато фалење, особено со годишниот одмор

12. Неприфаќањето на туѓи ставови и мислење

13. Земање на туѓи работи, како кафе, млеко, храна и слично

Доколку и вие правите некоја од наведениве работи, подобро е да престанете и да почнете да бидете добар и примерен колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top