Најновиот ангажман на Наташа Беквалац предизвика револт кај дел од српските театарски актери. Пејачката неодамна ја доби улогата на Драга Машин, последната српска кралица на династијата Обреновиќ, пишува српски „Ало!“.
Повеќето глумци со кои таа треба да настапува во мјузиклот „Тајната на Црна рака“ воопшто не се согласуваат со одлуката на режисерот Љубиша Ристиќ.
– Постојат факултети кои глумците треба да ги завршат. Во Србија има барем пет одлични актери кои фантастично би ја одиграле оваа улога, но очигледно битни се некои други мерила и критериуми. Наташа е убава жена, но не е школувана за ова. Нејзиното место не е во овој мјузикл – вели професорката на Драмскиот факултет Бранка Пујиќ.
Ништо повоздржан не е ни актерот Феџа Стојановиќ.
– Искрено, мене веќе ништо не може да ме зачуди во оваа земја. Најдобро би било да дојдат овие од „Фарма“, тоа се многу талентирани девојки, можеби би можеле да и конкурираат на Наташа. Идеална постава, браво – ироничен е тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.