| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот се простува од легендарната Есма – патувај по својот прекрасен пат!

esma

Македонската пејачка Есма Реџепова почина утринава во Скопје во 73 година од животот, после кратка и тешка болест.

Бројни колеги од Балканот ја искажаа својата тага на социјалните мрежи и се простија од Есма на своите профили.

Адил Максутовиќ на својот Инстаграм профил објави  фотографија на која е прегрнат со покојната Есма, а во опис на фотографијата ставил тажни емотикони.

esma2

Пејачката Сандра Африка својата тага ја сподели со фановите и следбениците.

-Почивај во мир – напишала Африка во опис на постот кој го објави на Инстаграм.

esma3

Политичарот Чедомир Јовановиќ исто така го погоди смртта на Есма.

-Џелем, џелем… патиштата ќе ни бидат онакви какви што сме биле ние, патувај по својот прекрасен пат, прекрасна Есма – напишал Чеда.

esma4

Колешката на Есма, Лепа Лукиќ нагласила дека Реџепова беше позната по хуманитарната работа.

-Жал ми е, таа била болна, а никој не знаеше. Многу ми е жал. Хуманитарно настапуваше и толку многу деца усвои – рекла Лепа.

esma5

Водителката Драгана Катиќ се потсетила на моментот кога Есма гостувала во емисијата „Никогаш не е доцна“.

esma6

-Живот за почитување- напишала Драгана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top