| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Зелениот капут“ во ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија на 14 јуни (среда), во 12 часот, ќе одржи промоција на романот „Зелениот капут“ од познатата македонска писателка Славица Дабевска Ќировска, која живее и создава во Тетово. За најновото дело на Ќировска ќе зборува д-р Јован Дамјановски, член на претседателството на ДПМ. Програмата ќе ја води Соња Стрезовски, а ќе учествува и музичката група „Шербет“ од Тетово.

Романот „Зелениот капут“ претставува хроника на едно семејство преку која се открива милјето на животот кој тече паралелно со главните општествени процеси. Документаристички интониран, романот потсетува на малскиот живот во Тетово во период на неколку децении на минатиот век. Делото дише со автентичност и непосредност во прикажувањето на настаните кои се склопуваат во интересна фабула.

Славица Дабевска Ќировска е поетеса и романсиер. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Дел од поетското творештво и е преведено на неколку јазици од бившите југословенски простори. Добитник е на низа  награди што се доделуваат на литературни манифестации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top