Полжави, сончогледи, печурки со рогови, тајни есдеесовци, машки проститутки, лижачи, лажни патриоти, губитници кои во ВМРО влегоа како печалбари – реформаторите уште неисполени, го собраа гневот на јавноста, на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Истото она членство за кое на прес-циркусот изјавија дека во илјадници застанало зад нив. Половина ден помина, ние армија од следбеници не видовме. Од друга страна, расте армијата незадоволни и револтирани симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои на социјалните мрежи нижат негативни коментари, детали од приватниот и професионален живот на „реформаторите“. Луѓето кои се самопрогласија за реформатори, како што велат гаѓаните, набрзо ќе ги видиме со спуштени гаќи, односно разобличени, а на виделина ќе излезе директивата по која оркестрирано влегоа во донкихотовски поход против партијата благодарение покрај која обезбедија пристојна работа и луксузен живот.
Симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека до некаде е добро што велепредавниците самите се јавуваат, зашто на тој начин партијата во партијата ќе се изврши природна селекција, па коколот самиот ќе се оддели од житото и партијата однатре ќе се прочисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)