| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо поддршка „реформаторите“ добија гнев и навреди од членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ: Губитници кои во ВМРО влегоа како печалбари (ФОТО)

Полжави, сончогледи, печурки со рогови, тајни есдеесовци, машки проститутки, лижачи, лажни патриоти, губитници кои во ВМРО влегоа како печалбари – реформаторите уште неисполени, го собраа гневот на јавноста, на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Истото она членство за кое на прес-циркусот изјавија дека во илјадници застанало зад нив. Половина ден помина, ние армија од следбеници не видовме. Од друга страна, расте армијата незадоволни и револтирани симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ,  кои на социјалните мрежи нижат негативни коментари, детали од приватниот и професионален живот на „реформаторите“. Луѓето кои се самопрогласија за реформатори, како што велат гаѓаните, набрзо ќе ги видиме со спуштени гаќи, односно разобличени, а на виделина ќе излезе директивата по која оркестрирано влегоа во донкихотовски поход против партијата благодарение покрај која обезбедија пристојна работа и луксузен живот.

Симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека до некаде е добро што велепредавниците самите се јавуваат, зашто на тој начин партијата во партијата ќе се изврши природна селекција, па коколот самиот ќе се оддели од житото и партијата однатре ќе се прочисти.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top