| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна состојка што ќе ви помогне да ослабнете

Слабеењето не е лесно, но според новите истражувања на годишниот состанок на организацијата „The Obesity Society“, протеините можат да ви помогнат, особено ако ги консумирате за појадок.

Во полза на истражувањето, научниците на една група од 35 жени, на возраст од 18 до 55 години, и сервирале три различни појадоци. Додека едниот се состоел само од една чаша вода, другите два содржеле околу 300 калории и еднакви количини на масти и влакна. Тие се разликувале во содржината на протеини. Едниот содржел 3 грама, а другите меѓу 30 и 39 грама.

Резултат: Личностите кои имале високопротеински појадок, помалку чувствувале глад, биле подолго сити и имале помала желба за јадење во текот на денот. Исто така, тие за ручек внесувале и 175 калории помалку од другите.

Зошто вашиот стомак сака да го почнете денот со протеини? Било утврдено дека на организмот му треба повеќе време за да ја свари оваа состојка, инаку позната по тоа што согорува калории и ги гради мускулите. Сето тоа значи дека протеинот ќе го напушти вашиот организам значително подоцна, отколку на пример, мафинот. Освен тоа, протеините го стимулираат лачењето на хормонот што го поттикнува чувството на ситост!

Во едно друго истражување, учесниците кои 30 отсто од дневните калории внесувале преку протеини, го намалиле вкупното внесување на калории на дневно ниво за речиси 450, што резултирало со губење на околу 11 килограми за 12 недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top