| четврток, 6 декември 2018 |

Ново судство за нови хајки против ВМРО-ДПМНЕ и нови амнестии за Заев

 

nenad-mircevski-kol-120

Ненад Мирчевски

Смената на јавниот обвинител Марко Зврлевски и преземањето на контролата на СДС врз Основното јавно обвинителство, кое се врши под плаштот на „реформи во судството“, повеќе од јасно е дека е нема цел департизација на судството, туку треба да обезбеди „нов живот“ на СЈО за да ја продолжи хајката против ВМРО-ДПМНЕ, членовите на раководството и другите политички противници на Заев сѐ до нивно целосно уништување. Пораката на Заев до обвинителот да си поднесе оставка од позицијата уште првиот ден од нелегалното заземање на власта е доволно јасен показател како планира да ја практикува власта. Впрочем, ако на сите ни е јасно дека заканите и нападите врз неистомислениците ќе стануваат сѐ порадикални и поопасни, како во случаите со нападите врз членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Никола Тодоров, тогаш, исто така, треба да ни биде јасно дека замената на Зврлевски ќе треба на извршителите и на нарачателите на овие кривични дела да им овозможи правна заштита. Со оглед на тоа дека Македонија во моментов е под окупација на Сорос и „дип стејт“, сосема очекувано е смената на Зврлевски да се реализира, ако е потребно и на сила, во најскоро време, пред истекот на мандатот на СЈО.

Сепак, практикувањето власт со сила никогаш не е и нема да биде прифатено од народот, па во ваков случај квислиншката влада ќе биде на тронот сѐ додека има зошто да ја држи таму „дип стејт“. Во моментот кога Заев и квислинзите ќе ги исполнат нивните очекувања, ќе бидат дентронизирани и пуштени по вода за да не ги носат како товар. Тогаш ќе бидат залудни сите обиди за купување на наклонетоста на граѓаните со купишта странски пари најавени преку разни планови од едноставни причини што аболиран политичар никогаш не може да биде прифатен како водач, а уште помалку како реформатор. Замислете го парадоксот – човек со активен судски процес, неколку кривични пријави и две аболиции (едно од Црвенковски за „Глобал“, едно од Јанева за „Пуч“), кој 11 пати избегнува да се појави на рочиште во случај во кој е обвинет за поткуп, пред јавноста го гледаме како се перчи дека ќе се повлечел ако се докажела неговата вина. А што треба да докажува судот за да се потврди дека тоа што го виде целата јавност на видеото е вистина? Дали треба да се потврди дека тој што бара пари и што вели дека тоа го правел многу пати порано, навистина е Заев? Јасно е дека намерата на вистинскиот премиер, Џес Бејли, е да го чува на безбедно додека не го исполни сценариото за промена на името, а за возврат му ветува дека некоја нова Катица ќе го амнестира за другите случаи во кои се сомничи за тешки криминали. Но прашањето е што откако ќе ја распродаде државата? Уште колку време потоа странците ќе го штитат од одговорност?

На неговиот газда, Џес Бејли, повеќе од јасно му е дека во нормални демократски држави, обвинетите за поткуп не ги викаат реформатори туку потенцијални криминалци. Истите тие не можат ни да сонуваат да седнат на премиерската фотелја, а не, пак, да спроведуваат реформи. И тоа судски, види, види!

Дури и самиот Заев призна дека нема поим по кои критериуми ќе се утврдува способноста на новиот обвинител. Знаеше да каже само дека новиот обвинител ќе бил избран откако ќе бил оценет како, „опа, ова е вредно“, а сите кандидати требало да ги испратат биографиите до медиумите за да ја проценеле нивната компетентност. Така, новинарите ќе одредуваат компетентност за обвинители, а политичарите ќе судат кои медиуми и новинари се професионални, а кои не. Идиотизам на квадрат.
Да бидеме искрени. Тоа што Заев нема поим околу условите што треба да ги исполнува јавниот обвинител е вистина. Лага е дека јавноста ќе го има последниот збор. Како и за сите одлуки досега, новиот обвинител ќе го одбере вистинскиот премиер на Македонија, Џес Бејли, а Соросовите платеници преку своите медиуми ќе имаат задача да го правдаат изборот како најдобро можно решение и да ја покриваат хајката што ќе ја спроведува, а ќе го премолчуваат амнестирањето на Заев од случаите што се водат против него. Таков пример веќе гледаме во случајот со Катица Јанева.

Во обидот да ја киднапира судската власт по секоја цена, Заев уште еднаш го покажа лицемерството во полн сјај. Истиот тој што лани бараше да се постави обвинител на предлог на опозицијата, сега смета дека тоа е погрешно решение затоа што обвинителот ќе дејствувал партиски! Во исто време, најави дека „експертот“ што ќе го замени Зврлевски му требал во наредните две години, а потоа немал проблем да го предаде местото на опозицијата. Со други зборови, реформите за независно судство што ќе ги спроведувал сега со новиот обвинител ќе ги фрли во вода по две години и ќе дозволи повторна партизација на обвинителството.

Со ваков кафеански стил на водење политика, свесно или не, квислингот Заев отворено признава дека департизацијата на судството/обвинителството воопшто не му се приоритет, односно дека целта на реформите е преземање на обвинителството за да ја продолжи мисијата на Специјално обвинителство.
Со други зборови, во овие две години на Заев му треба нов обвинител што ќе ја замени Катица, како продолжена рака на СДС, за да ја доврши хајката против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и, се разбира, за да го ослободи од низата кривични пријави и од обвинението за поткуп, на ист начин како што го направи Катица со „Пуч“.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top