| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Заев да каже кон каде водат неговите 500 километри патишта, кој ќе ги гради и колку ќе чинат

Граѓаните очекуваат 500 километри нов автопат. Исто така очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните не очекуваат неработници кои со лаги ќе сакаат да го сокријат својот антиреформски капацитет

Зоран Заев треба да каже до каде се 500 километри нови автопати шта што ќе ги гради во Република Македонија, место да се занимава со лаги и со измислици. Лагите на Заев нема да го подигнат стандардот на граѓаните и нема да го покријат неработењето на антиреформската влада, рече денеска на прес-конференција Владо Мисајловски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски потсети на интервјуто на Заев на националниот сервис, во кое лажеше за бројот на автопатишта што се градат, односно дека не се работи на автопатот Кичево – Охрид.

-Се градат три автопатишта и ниту еден не е застанат со градба. Тоа може лесно да се провери на терен. Она што може да ги запре работите на терен и сите оние автопатишта е неспособноста на СДС и антиреформската влада. Заев во интервјуто пред два дена рече и дека ќе се трошеле пари само за капитални инвестиции. Пред да смислува лаги, кои без никаков проблем ќе ги кажува, треба прво да ги провери фактите и да види колку проекти за капитални инвестиции има во моментот – рече Мисајловски.

Тој наброја само дел од капиталните инвестиции, а нагласи дека покрај автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, се проектира изградбата на автопатот Гостивар – Кичево, како и на делницата Скопје – Блаце.

Капитални инвестиции што се активни во моментов Мисајловски ги наброја:

  • Рехабилитација на автопатските делници Смоквица – Гевгелија – Неготино – Демир Капија;
  • Куманово – Миладиновци;
  • Миладиновци – Куманово;
  • Велес – Градско;
  • Изградба на експресни патишта Градско – Прилеп;
  • Ранковце – Крива Паланка;
  • Изградба на нов експресен пат на делницата Штип – Кочани;
  • Изградба на експресен пат Штип – Радовиш;
  • Рехабилитација на магистрален пат Битола – Ресен – Буково;
  • Реконструкција на регионални патишта Бошков мост – Дебар;
  • Кочани – Делчево;
  • Опае – Бељаковце – Станичиќ;
  • Липково – Арачиново;
  • Скопје – Македонски Брод;
  • Доизградба на регионален пат во Вевчани;
  • Реконструкција на регионални патишта Гостивар – Кичево;
  • Сопиште – Говрлево;
  • Припор – Сопиште;
  • Проектирање за реконструкција на регионален пат Пробиштип – Крупиште.

И да повторам. Ова се само дел од капиталните инвестиции во патната инфраструктура во Република Македонија. Заев може да кажува лаги на интервјуа колку што сака, но ова се фактите и од нив бегање нема. Наместо лаги, Заев на граѓаните треба да им ги објасни новите 500 километри автопат кој ќе ги гради во Република Македонија, односно кога ќе ги градат, каде ќе се наоѓаат овие автопати и колку пари ќе чинат. Тоа е она што ги интересира граѓаните – вели Мисајловски.

Тој потсетува дека кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година не наследи ниту еден квалитетен проект за да може да се почне со некаква градба. Токму затоа изминатите години интензивно се работеше и на документација за проектирање, покрај изградбата која е видлива на терен и секако дека може и јавноста да ја види.

Заев треба да знае и дека Јавното претпријатие за државни патишта сама ги враќа кредитите и е самофинансирачка институција која има големи средства на својата сметка. Во време на СДС имаше само еден проект кога се во прашање патиштата, кој многу потсеќа на економската логика „Евро за Вицето“ на анти-реформаторите на Заев: тоа е проектот „пола-пола“ кој се спроведуваше на патарините низ цела Македонија – вели поранешниот министер за транспорт и врски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top